Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го критикуваше настапот на своите соиграчи откако актуелниот шампион во Лигата на шампионите синоќа заслужено беше елиминиран од Арсенал со вкупни 5:1. Лондонскиот клуб пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ со водство од 3:0 од првиот меч на „Емирејтс“, а таа предност можеше да ја зголеми уште во првото полувреме доколку Куртоа не го одбранеше лошо изведениот пенал на Букајо Сака.
Арсенал имаше голема шанса за водство против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но Букајо Сака не искористи удар од белата точка.