Пред пријателскиот натпревар во Скопје меѓу Вардар и Црвена звезда, гостите од Белград дојдоа и со целата своја екипа задолжена за таканаречената навивачка зона.
На платото каде беше фан зоната имаше мали голчиња за мал фудбал за деца, беа изложени славниот пехар освоен во Куп на европски шампиони 1991 со голот на Дарко Панчев како и Златната копачка на Панчев за најдобар стрелец на Европа таа сезона.
Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар за помош на семејствтата на настраданите во големата кочанска трагедија, а српскиот гигант во пресрет на мечот со себе донесе и неколку важни и вредни реквизити од својата богата историја. Gol
Во Скопје вчера натпревар одиграа Вардар и Црвена Звезда со цел за собирање средства за настраданите во трагедијата во Кочани.
На натпреварот присуствуваа и легенди кои во минатото го носеа дресот на двата клуба. Sportski
Еден од најзаслужните што се одигра хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена Звезда, Дарко Панчев, го немаше на Арената „Тодор Проески“ и многумина се чудеа зошто е тоа така.
Панчев заедно со Илија Најдоски ја добија идејата за ваков меч во чест на настраданите во Кочани и беа мостот помеѓу двата клуба. Libertas
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.