Во хуманитарен натпревар за настраданите од големата трагедија во дискотеката Пулс во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1. Резултатот на овој натпревар не беше во прв план, но и двете екипи одиграа добар меч. Mk
Публиката имаше можност да ги поздрави: Кочо Димитровски, Ванчо Балески, Ѓоре Јовановски, Зоран Бошковски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Светислав Караси, Горан Попов.
Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за семејствата на жртвите и повредени во големиот пожар во дискотеката во Коачни. Mk