Шпанската фудбалска лига следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, врз основа на резултатите на клубовите во сите три европски натпреварувања оваа сезона.
Две лиги добиваат дополнително место во Лигата на шампионите според учинокот на клубовите, а откако на 8 април беше објавено дека тоа ќе биде англиската Премиер лига, по синоќешните резултати и пласманот на Бетис во полуфиналето на Конференциската лига и пласманот на Атлетик Билбао во полуфиналето на Лига Европа, потврдено е дека и шпанската Примера ќе има пет претставници.