Голманот на Реал, Тибо Куртоа, ја критикуваше играта на своите соиграчи откако актуелните шампиони на Лигата на шампионите синоќа заслужено испаднаа од Арсенал со вкупно 5:1. Лондонскиот клуб пристигна на Сантјаго Бернабеу со предност од 3:0 од првиот натпревар на Емирејтс, а таа предност можеше да ја зголеми во првото полувреме ако Куртоа не го одбранеше слабите изведени пенали на Букајо Сака.
Првпат по 2010 година, Реал Мадрид не успеа да стигне до полуфинале во Лигата на шампионите откако синоќа беше елиминиран од Арсенал со вкупен резултат 1-5. „Кралевите“ беа бранители на трофејот во елитното натпреварување и многумина ги сметаа за фаворити во пресметките со англискиот тим, но на крајот мораа да му честитаат и практично паднаа без борба затоа што Арсенал доминираше на двата меча.