Легендарниот италијански стратег, Карло Анчелоти, би можел да остане без местото на клупата на Реал Мадрид доколку неговиот тим не победи вечерва против Атлетик Билбао (21 часот). Станува збор за меч од 32. коло на Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, а притисокот е огромен – Реал мора да слави за да остане во трката за титулата.
Вчерашната победа на Барселона против Селта ги однесе Каталонците на плус седум на табелата, што значи дека секој нов кикс за Мадриѓаните може да биде кобен.