Екипата на Барселона синоќа со драматичен пресврт ја совлада Селта (4-3) на домашен терен во натпревар од 32. коло на Ла Лига, иако на момент губеше со 1-3, но победата беше засенета од повредата на Роберт Левандовски.
До крајот на фудбалската сезона во Европа има нешто повеќе од еден месец, а Барселона има шанса да освои нова тројна круна.