Македонскиот фудбалер Димитар Митровски одново беше херој на Вараждин, откако во денешното соочување со Славен Белупо на гости го постигна единствениот погодок со кој неговиот тим извојува минимална победа од 0-1. Голот вреден три бода за Вараждин повремениот македонски репрезентативец го постигна по еден час игра, откако со прецизен удар со лева нога го матира Сушак и донесе молк на Градскиот стадион во Копривница.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски донесе победа за Вараждин од 0-1 на гостувањето против Славен Белупо.