Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0. Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.
Екипата на Милан е првиот патник во финалето од Купот на Италија откако успеа со конечни 0-3 (0-1) да го совлада вечниот градски ривал, Интер.