Фудбалерите на Барселона утре навечер ќе имаат убава можност по трет пат оваа сезона да се радуваат против Реал Мадрид, а ден пред жестоката пресметка во финалето на Купот на кралот беше обелоденето дека во составот по неколку месечна пауза се враќа искусниот германски голман Марк-Андре Тер Штеген.
Иако е тешко да се замисли дека долгодишниот член на Барселона ќе најде место меѓу почетните 11 во вакво важно натпреварување, имајќи предвид дека последен пат играше уште во септември, оваа вест може само да го израдува стручниот штаб на Ханси Флик бидејќи ќе имаат поголем избор во однос на “единицата”.