У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид). Главните причини за донесената одлука се: – Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати); – Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите; – Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе; – Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена; Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. Ekipa