Кристијано Роналдо остана без трофеј и во втората комплетна сезона во Ал Наср, откако овој тим шокантно беше елиминиран од јапонски Кавасаки во полуфиналето од Лигата на Шампионите на Азија.
Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Азиската лига на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2. Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута.