Кристијано Роналдо, помина неколку минути разговарајќи сам со себе по поразот вчеравечер со 2:3 од Кавасаки во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони.
Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Азиската лига на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2. Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута.