Англискиот премиерлигаш Челзи направи огромен чекор кон финалето на Конференциската лига на УЕФА, откако во првиот полуфинален натпревар на гостински терен го совлада шведскиот Ѓургарден со убедливи 1-4 (0-2). Екипата предводена од Енцо Мареска доминираше во текот на целиот меч и уште во првото полувреме ја најави својата надмоќ преку головите на Џејдон Санчо и Нони Мадуеке. Sportski
Алмајеи Мулугета даде гол за Ѓургерден, но тешко може да се поверува дека овој погодок ќе промени нешто.
Дерби мечот беше во Севиља каде Бетис ја пречека Фиорентина и победи со 2-1. Домаќините поведоа уште во шестата минута со гол на Езалзоули, Антони зголеми на 2-0 во 64. минута. Sport1