Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски, би можел да игра против Интер на реванш мечот во полуфиналето во Лигата на шампионите. Ekipa
Искусниот 36-годишен полски голгетер е надвор од терените од 19. април кога заработи повреда на мечот против Селта во Ла Лига, но повредата е веќе надмината и се очекува тој да биде дел и од првиот тим на средбата во Милано која ќе биде одиграна во вторник со почеток од 21 часот.
Левандовски оваа сезона постигна 40 голови за Барселона од кои 11 во Лигата на Шампионите. Ekipa
Полскиот голгетер, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за настап за Барселона на реванш-дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Интер, закажан за утре на „Џузепе Меаца“ (21 часот). Тој се повреди на натпреварот од 32. коло во шпанската Ла Лига против Селта одигран пред дваесетина дена, поради што пропушти четири натпревари на Барселона. Sport1
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе биде достапен за игра против Интер во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, објави „АС“.
Според изворот, Полјакот се опоравува од повредата на тетивата побрзо од очекуваното и ќе може да излезе на теренот барем 30 минути. Kanal5