Интер, како и пред една седмица во Барселона, водеше со 2:0, а головите ги постигнаа Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м). Сепак, гостите го свртија резултатот во второто полувреме со головите на Ерик Гарсија (54), Даниј Олм (60) и Рафиња (88). Токму кога се чинеше дека Барса ќе слави, Интер израмни во третата минута од судиското продолжение со голот на 37-годишниот дефанзивец Франческо Ачерби, кој го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите. Netpress