Се огласија и од фудбалскиот клуб Кожуф по повод скандалозниот натпревар против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите, со кои постигнуваат гол за победа, во миговите кога е 1-1. Од Кожуф ги отфрлаат сите обвинувања кон клубот и кон играчите, и велат дека ако истрагата утврди нерегуларности, виновниците да бидат казнети.
„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Ekipa
„По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим.
Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон ФК Кожуф и играчите. Gol
Загрижени и огорчени поради оркестрираните напади врз нашиот клуб, врз гордоста на Куманово и спортскиот колектив кој направи многу за спортот, културата и младите!
Фудбалскиот клуб Башкими преку соопштение реагираше на најавите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и министерот за спорт, Борко Ристовски за казни, по вчерашниот контроверзен гол против Кожуф во дуел од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) на гостинскиот тим во Гевгелија. Kanal5
Второлигашот Кожуф од синоќа стана синоним на нечесност и отсуство на спортски кодекс, откако фудбалерите на овој тим на срамен начин на домашен терен му дозволија на противникот Башкими да постигне победнички гол во судиското надополнување (види ). Македонската јавност остана згрозена од начинот на кој гевгелиските фудбалери ги пуштаа ривалите да дојдат до нивниот гол, а кулминација на целата комедија беше реакцијата на домашниот голман, кој не се ни обиде да ја одбрани топката што одеше во неговата мрежа. Sport1