Барселона триумфира во градското дерби против Еспањол со 2-0 и ја освои титулата во Ла Лига на две кола пред крајот, но тренерот на домашниот состав, Маноло Гонзалес не беше задоволен и испрати критики до големите ривали.
Барселона ја освои титулата во шпанското првенство со победа од 2:0 во градското дерби против Еспањол две кола пред крајот на Ла Лига со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопес.
Во четврток вечер Барселона ќе го одигра својот следен натпревар во лигата, а се очекува по истиот да започне славењето на новата титула.