Постекоглу рече дека „петлите“ ќе патуваат во Билбао без неколку важни играчи, а меѓу нив се Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин.
Финалето во Лига Европа е меч на годината за двата англиски великани, затоа што имаа очајни сезони во Премиер лигата, а освојувачот на трофејот ќе добие автоматско учество во Лигата на шампионите. Gol
Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед, затоа што се повреди за викендот против Кристал Палас во натпревар од Премиер лигата и подлегна на операција на коленото. Sportski
Тотенхем моментално е на скромно 17-то место во Премиер лигата, но не е во опасност од испаѓање бидејќи има 16 бода повеќе од Лестер Сити и Ипсвич Таун, а до крајот на сезоната остануваат уште две кола.
Манчестер Јунајтед, противникот на Спарс во европското финале, е само на едно место повисоко на табелата. Netpress