Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги пофали своите млади играчи кои му помогнаа на повредениот мадридски гигант да ја победи Мајорка со 2-1. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги пофали своите млади играчи кои му помогнаа на повредениот мадридски гигант да ја победи Мајорка со 2-1, благодарение на драматичниот победнички гол на централниот дефанзивец на академијата, Хакобо Рамон, во петтата минута од судиското продолжение.
Иако шансите на Реал за шампионска титула во Ла Лига се сведени на минимум, Карло Анчелоти беше презадоволен од карактерот на неговите фудбалери на синоќешниот меч против Мајорка.