Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одби да се ракува со голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, предводникот на „граѓаните“ не сакаше да има ништо со чуварот на мрежата поради тоа што задржувал време.
фото: Crystal Palace F.C. (X) Фудбалерите на Кристал Палас го освоија својот прв трофеј во историјата изненадувачки победувајќи го големиот фаворит Манчестер Сити во финалето на ФА Купот.