Бројот на менталните заболувања кај младата популација постојано се зголемува, но посетата на психолог или психијатар и натаму останува табу-тема во македонското општество.
Сè поголем е бројот на ментални заболувања кај младата популација, посетата на психолог и психијатар е сè уште табу тема во државава, вели доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа – семејна медицина (ЗЛОМ-СМ). – Гледам дека овие трендови ги следи и Фондот за здравствено осигурување, па новите цели во превентивните прегледи се токму прашалниците за ментално здравје што ќе ги пополнуваат лица од 25 до 40 години врз основа на кој скоринг ќе одлучиме дали тоа лице понатаму може да оди на одреден психијатриски преглед.