Екипата на Келн го декласираше Кајзерслаутерн со 4-0 и го освои првото место во втората германска лига, па заедно со Хамбургер кој минатиот викенд обезбеди враќање во елитата, во следната сезона ќе играат во Бундеслигата, каде што им е местото според историјата која ја имаат.Јарците до денеска немаа осигурано пласман во Бундеслигата, и не сакаа да ја испуштат шансата, а тоа заедно со поразот на Хамбургер, им донесе и прво место во Цвајта. Sportmanija