Наполи го победи Каљари на домашен терен во 38-то коло од Серија А со 2:0 и по четврти пат стана шампион на Италија.
Откако Каљари избори опстанок во Серија А минатата недела, неговите фанови не се многу мотивирани да патуваат во Неапол и само десетмина купиле билети за да присуствуваат на последното гостување сезонава.Стадионот ќе биде преполн, се очекува да биде надминат сезонскиот рекорд поставен на дербито против Интер кога имаше 53.851 луѓе, и за прв пат оваа сезона, целиот стадион ќе биде со домашни навивачи кои се надеваат на победа на Наполи и освојување на титулата првак на Италија.И гостинскиот сектор на трибините во кој има 2.482 седишта, ќе биде пополнет со навивачи на Наполи, поточно покрај 10-те фанови на Каљари, ќе има и ученици, семејства и лица со посебни потреби.