Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT), на која, меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти.
Министерство за економија и труд Во рамки на учеството на Економскиот бизнис форум во Сараево, министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со неговата екселенција г. Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT). Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера и претставуваше значаен чекор кон зајакнување на економските односи меѓу Република Македонија и Кралството Саудиска Арабија.