Лука Модриќ го одигра својот последен меч на „Сантијаго Бернабеу“, а по завршувањето на натпреварот хрватскиот генијалец застана на средината на теренот, обраќајќи им се на илјадниците навивачи на Реал Мадрид.
Максимално емотивно беше попладнево во Мадрид, на мечот во кој Реал славеше над Реал Сосиедад со 2-0 во последната рунда од Примера дивизион.
Освен Лука Модриќ денешниот натпревар на Реал Мадрид беше последен и за Карло Анчелоти на клупата, Италијанецот како што е познато ќе ја продолжи кариерата како селектор на Бразил.
Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид.