Екипата на Сандерленд успеа со целосен пресврт да обезбеди промоција во најсилната англиска лига, победувајќи го Шефилд во вистинска драматична завршница на „Вембли“ со 2-1. Иако Шефилд беше подобар противник во најголемиот дел од натпреварот, со повеќе шанси и дури еден поништен гол кој предизвика многу полемики, на крајот останаа празни раце.
На легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон денеска ќе се одигра едно од највредните „финалиња“ во светскиот фудбал – финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата.