Главните сомнежи се во стилот кој стратегот сака да го имплементира, односно дел до фудбалерите сметаат дека „кралевите“ ги немаат потребните играчи за формација 3-5-2, односно другите варијанти 3-4-3 или 3-4-2-1. Со ангажман на Трент Александер Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас, Чаби Алонсо ќе има повеќе опции на располагање во дефанзивата, но прашање е како другите ќе се прилагодат, особено главните ѕвезди кои не се премногу заинтересирани за помош во одбрана.