Анчелоти: Мојот Бразил ќе игра како Реал МадридБразил го посакуваше Анчелоти уште пред две години, но Италијанецот сакаше да го води Реал Мадрид, кој оваа сезона загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со вкупен резултат од 1-5, поради што не успеа да ја одбрани минатогодишната титула, а не ја одбрани и титулата на првак на Шпанија, додека во финалето на Купот загуби од новиот првак Барселона.
Facebook / Carlo Ancelotti Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата, а потоа го презел Бразил бидејќи станува збор за „најдобрата репрезентација на светот“.