Што се однесува до дуелот, Македонија ја контролираше играта, а дојде до предност во 16. минута кога Ленче Андреевска ја проигра Симона Мејер, а таа погоди за 0-1. Имавме водство се до 65. минута, кога несреќно се загуби топка на терен, а тоа во гол го претвори Севцова за 1-1. Мечот можеше да има поинаков тек ако кај нас не беше младата 16-годишна голманка Вељановска која забележа две добри одбрани, но и ако Илза Максути беше повнимателна во 82. минута кога излезе еден на еден пред голот на Летонките, но шутираше крај дирекот. Gol