Најдобриот стрелец сезонава во Првата македонска фудбалска лига, одличниот напаѓач кој ги бранеше боите на Силекс, потпиша со романскиот вицешампион Клуж.
Ѓорѓиевски во Романија заминува по феноменалната сезона која ја имаше во ПМФЛ, каде ја освои „златната копачка“ и го водеше Силекс до второто место на првенствената табела.
Со постигнати 15 голови во изминатата сезона, колку што има и Бесарт Ибраими од Шкендија, сега веќе поранешниот фудбалер на прволигашот од Кратово кариерата ја продолжи во Клуж.
Центрафорот ќе настапува за романскиот вицешампион, а новиот тим на Ѓорѓиевски ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа. Sportskamreza
Најдобриот стрелец во изминатата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), напаѓачот на Силекс, Марко Ѓорѓиевски направи трансфер во романскиот вицешампион, Клуж. 24fudbal
Член на Силекс беше претходните две сезони, за тој период одигра 71 натпревар, постигна 30 гола и 13 асистенции.
Освен за Силекс, во својата кариера Ѓорѓиевски играше и за Брера и Шкупи, но и во српското првенство за Вождовац и Раднички Пирот. Sport1
Романскиот вицешампион ЧФР Клуж официјално го претстави македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски, кој имаше одлична сезона во домашното првенство со Силекс. фото: ФК Силекс Кратово 25-годишниот Ѓорѓиевски беше најдобар стрелец во 1.МФЛ со 15 голови, заедно со ветеранот Бесарт Ибраими од шампионот Шкендија. Kajgana
Во својата кариера, Ѓорѓиевски има настапувано и за Брера Струмица и Шкупи, со кој ја освои шампионската титула во 2022 година.
Покрај домашната сцена, тој има интернационално искуство и во Србија, каде што го носеше дресот на Вождовац и Раднички Пирот.Марко Ѓорѓиевски е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, со седум настапи за селекцијата до 21 година. Sportmanija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Мирчевски минатата сезона ја помина во тимот од Сараево, а настапи на 18 меча во сите натпреварувања и запиша само две асистенции, меѓутоа сега се сели во Кратово и треба да му помогне на клубот да ги оствари високите амбиции за следната сезона.
Екипата на Силекс доби сериозно засислување, затоа што потпиша договор со Мартин Мирчевски.
Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш ја информираше јавноста дека го продолжи договорот со стандардниот првотимец, Мартин Стојанов.
ГФК Тиквеш активно работи на оформување на ростерот за сезоната 2025/26, задржувајќи ги клучните фудбалери кои оставија значаен белег во изминатиот шампионат на Првата македонска фудбалска лига.
Како и секоја година, така и оваа.
ПСЖ и Интер ќе го играат финалето на Лигата на шампионите во Минхен во 21 часот.
Дојде големиот момент!
Според неговите извори, се случил пресврт и Роналдо веќе потпишал нов договор со Ал Наср, со што се става крај и на најавите за негово заминување..
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го напушти Ал Наср.
Роналдо веќе ја објави разделбата, кога по завршувањето на последното коло на социјалните мрежи сподели слика во дресот на Ал Анср и напиша „дека поглавјето е завршено“.
Според „Еуроспорт“, Новак Ѓоковиќ побарал дуелот од третото коло на Ролан Гарос, против Австриецот Филип Мишолиќ, да се игра утре попладне.
Организаторите на Ролан Гарос го разочараа Ѓоковиќ – не му ја исполнија желбата.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Корентин Муте со 6:3, 6:2, 7:6 и се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос.