После историскиот најубедлив пораз во финалето од Лигата на шампионите од ПСЖ со 5-0, Интер може да остане и без тренерот, Симоне Инѕаги.
Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, ги искажа своите впечатоци по финалето на Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен, каде неговиот тим доживеа вистински дебакл синоќа, губејќи со дури 5:0. Ова беше втор пат во последните три сезони италијанскиот клуб да го загуби натпреварот за титулата, откако претходно беше поразен од Манчестер Сити во финалето во 2023 година.