Џоб Белингам, братот на суперстарот Џуд Белингам, тргна по стапките на брат му и ќе игра за тимот на Борусија Дортмунд.
Борусија Дортмунд, успешно водена од Нико Ковач, е убедена дека 19-годишниот играч од средниот ред на Сандерленд, Џоб Белингам, ќе ја продолжи кариерата на Вестфален, односно дека ќе ги следи стапките на својот постар брат Џуд (21), објавија британските медиуми.