Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над ГерманијаПортугалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на одлуката беше искусниот Кристијано Роналдо.
Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации.
Репрезентацијата на Португалија се пласираше во финалето на Лига на нации, откако со пресврт ја победи домашната селекција на Германија со 2:1. Ова беше вистински подвиг за Португалија, затоа што освен тоа што дуелот се играше на „Алијанц Арена“ во Минхен, гостите губеа со еден гол разлика и тоа на помалку од 30 минути до крајот.