Репрезентацијата на Португалија се пласираше во финалето на Лига на нации, откако со пресврт ја победи домашната селекција на Германија со 2:1. Ова беше вистински подвиг за Португалија, затоа што освен тоа што дуелот се играше на „Алијанц Арена“ во Минхен, гостите губеа со еден гол разлика и тоа на помалку од 30 минути до крајот.
Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации.
Напаѓаа и двете селекции од самиот почеток, видовме по некоја прилика и пред двата гола, но резултатот по првите 45 минути остана 0-0. На самиот старт од првото полувреме Вирц го искористи нафрлувањето од Кимих во 48-та минута и погоди за 1-0. По тој гол на Германците, Португалија ја преземе иницијатива и повеќе се играше пред голот на Тер Штеген.