Во 9-то коло од квалификациите, составот на Тимур Кападзе одигра нерешено (0:0) со екипата на Обединетите Арапски Емирати, која го зазема 3-тото место во Групата А. Така, Узбекистан ќе остане најмалку втор во групата, што им гарантира учество на фудбалскиот мундијал.
Фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.