Дебито на Карло Анчелоти на клупата на Бразил беше скромно, без постигнат, но и без примен гол против пријатното изненадување Еквадор што наговести дека италијанскиот стратег ќе има полни раце работа да го врати претпознатливото светло на некогашниот фудбалски гигант.
Фото: Brasil Football 🇧🇷 Бразилските играчи не успеаја да освојат три бода на првиот натпревар под водство на новиот тренер Карло Анчелоти, одиграа 0:0 на гости против еквадорската репрезентација.
Карло Анчелоти, дебитираше на клупата на Бразил со нерешен резултат.