Барселона му стави до знаење на Марк-Андре тер Штеген дека повеќе не смета на него и дека може да бара нов клуб, а се чини дека ова нема да биде премногу тешко за германскиот голман бидејќи веќе се појави одличен играч кој би сакал да го види во своите редови.
Сосема неочекувано Барселона си создаде огромен проблем откако Марк Андре Тер Штеген тргна во војна со управата на каталонскиот клуб, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да си замине до истекот на договорот (јуни 2028 година). Германецот беше прв голман до тешката повреда, неодамна се врати на терените, но и самиот остана шокиран кога каталонците на самиот почеток од преодниот рок се решија да доведат нов голман, Хоан Гарсија од Еспањол.