Белгија го победи Велс со 4-3 во спектакуларен натпревар од квалификациите за Светско првенство, во меч од групата во која е и Македонија.
Овој резултат значи дека нашата селекција останува прва на табелата (со еден бод повеќе од Велс и четири од Белгија, но Белгија има и одиграно два меча помалку) до следниот циклус кој се игра во септември.Црвените ѓаволи доминираа и водеа со 3-0 после 27 минути игра, но голот од пенал кој го даде Велс во финишот на првиот дел им даде крила и самодоверба, па вече во 60-та минита беше шокантни 3-3. Белгија прво погоди за 4-3 во 81-ва минута, но голот на Ромелу Лукаку беше поништен.