Аргентинскиот фудбалски стручњак, Рикардо Гарека, поднесе оставка од функцијата селектор на чилеанската репрезентација, а одлуката доаѓа после поразот од Боливија во квалификациите за Светското првенство (2-0). Со овој пораз Чилеанците третпат во низа го пропуштаат фудбалскиот Мундијал, нешто што претставува огромно разочарување за сите фанови во оваа јужноамериканска држава. Gol