Манчестер сити во последната деценија и пол е клуб кој не жали пари за да го засили својот играчки кадар, трпат критики дека претеруваат, против клубот се води постапка за прекршување на финансискиот ферплеј, но тие продолжуваат со својата политика на безмилосно трошење, често и преплаќање на некои фудбалери кои не вредат толку многу.Граѓаните не освоија ништо во минатата сезона, која им беше тотален дебакл, а од јануари наваму ангажираа дури осум нови имиња. Sportmanija