Новоформираното Светско клупско првенство кое го организира ФИФА почнува ноќта помеѓу сабота и недела, ќе учествуваат 32 тима, а нема да има ниту еден македонски фудбалер.ФИФА објави дека на СКП ќе има играчи од 81 различни земји во светот, а за жал на списокот ја нема Македонија.Најбројни ќе бидат Бразилците, вкупно 141 Бразилци има во 32-та тима.
ФИФА се бори со продажбата на билети за отворањето на Светското клупско првенство.