Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков ја продолжува кариерата во Обединетите Арапски Емирати, откако денеска потпиша договор со прволигашот Ајман.
Зајков се пресели во Обединетите Арапски Емирати без обесштетување откако му истече договорот со романска Универзитатеа Крајова.
Зајков ја продолжува кариерата во Обединети Арапски ЕмиратиМакедонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати каде потпиша двегодишен договор со клубот Ајман. Sportski
Покрај искуството од романската лига, Зајков има богата интернационална кариера.
На клупско ниво настапуваше и за Работнички во Македонија, украинската Ворскла, белгискиот Шарлроа, бугарските Левски Софија и Славија Софија. Sportskamreza
Одличните партии во јунскиот квалификациски циклус против репрезентациите на Белгија во Скопје и Казахстан во Астана му донесоа на македонскиот репрезентавец Ѓоко Зајков трансфер во Ајман од Обединетите Арапски Емирати. Ekipa
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков стави крај на романската авантура со Универзитатеа Крајова и ја прифати понудата од Обединетите Арапски Емирати – од следната сезона ќе го носи дресот на Ајман.
Стоперот зад себе има три стабилни и квалитетни сезони во Лига 1, а новиот трансфер доаѓа како награда за неговата одлична форма – вклучувајќи ги и импресивните партии во дресот на Македонија против Белгија и Казахстан. 24fudbal
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.