Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар го пресели својот тренинг камп од Скопје во словенечкиот град Раденци.
Оваа дестинација ќе биде домот на Гоце Седлоски и неговите избраници во следниот период, во исчекување на европските предизвици ова лето.
Седлоски во воведните денови нема да располага со тројца фудбалери – Роџер Мато, Данел Донгмо и Фаустин Сенгхор, но тројцата наскоро ќе се приклучат на подготовките.
Промени има и во стручниот штаб – Драган Начевски ќе биде новиот асистент на Седлоски, додека кондиционата подготовка ќе биде во рацете на Антонио Бошевски. 24fudbal
На денешниот тренинг работеа речиси сите фудбалери.
Недостасуваа само Мато, Данел и Фаустин кои се очекува деновиве да пристигнат и да почнат со работа во тимот кој прво се подготвува за европскиот предизвик во Конференциската лига на УЕФА. Sportmanija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.