Вардар во Раденци, Словенија, ги одржува подготовките за наредната сезона, додека фудбалерите макотрпно работат, брифинг со новинарите одржа претседателот на клубот, Миленко Неделковски кој информираше за актуелните случувања во клубот и амбициите за наредната сезона.
По победата над Будуќност, Вардар денеска ја имаше втората пријателска средба во подготвителниот период, противник на македонскиот тим беше словенечкиот шампион.
Босанскиот интернационалец Горан Закариќ го продолжи договорот со ФК Вардар за уште една година, откако денеска се обврза да остане член на Црвено-црните до јуни 2026 година.