Facebook / Inter Miami CF Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.
Натпреварувањето во Групата А на Светското клупско првенство заврши, а американскиот Интер Мајами и бразилскиот Палмеирас го обезбедија своето место во осминафиналето од оваа група.