Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х. Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1 Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Topsport
Иако со десет играчи на теренот, Реал поведе во 35-та минута со убав гол на Џуд Белингам.
Реал ја дуплираше предноста во финишот на полувремето по прекрасна акција која со гол ја заврши на Арда Гулер. Kurir