Фудбалерите на Интер Мајами и Палмеирас се третиот и четвртиот патник во нокаут фазата од првото издание на Светското клупско првенство кое што се игра во Соединетите Американски Држави.
Facebook / Inter Miami CF Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.