Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа го победија Салцбург со 3-0 во Филаделфија, во натпреварот од последното, трето коло од Групата Х. Предноста на Реал му ја донесе Винисиус Жуниор со гол во 40. минута, а Федерико Валверде го зголеми водството со гол во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
6000 Јувентус – Манчестер сити (21:00)Јувентус и Манчестер сити ќе водат битка за првото место на табелата, а тоа веројатно ќе значи и избегнување на Реал Мадрид во осминафиналето од Светското клупско првенство.