Англија ќе го брани трофејот во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако во полуфиналната пресметка ја совлада Холандија со 2-1. Натпреварот одигран на „Техелне Поле“ во Братислава понуди возбудлива завршница и ново шоу на Харви Елиот, кој со два гола ги одведе Англичаните во борба за злато. 24fudbal